сабота, 05 јули 2008

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

ON-LINE Вести

Во Охрид обука за професори
Бизнис и претприемништво во средните училишта

Реализација во рамките на активностите на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија
Mеѓународнo истражувањe кое се спроведува во 41 земја од Европа, Северна Америка и Русија
Истражување „Младите и здравјето“

Опфатени повеќе од 165 000 деца на возраст од 11, 13, и 15 години.
Зелена Коалиција
Зелена Коалиција

„Еден ќе мора да си оди“ беше главното мото на протестите кои синоќа во Велес се одржаа од страна на Зелената коалиција, поддржана од градоначалникот и Советот на општината, а која побара поддршка и од граѓаните на Велес и земјава.
МЦМС
Основна обука за недискриминација

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира основна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 10 до 12 јуни 2008 година.
мЦМС
Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа, МЦМС организира обука за: Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 12- 13 јуни 2008, хотел Континентал - Скопје
ИО “Димитар Влахов”
55 години извидништво

Извидничкиот одред “Димитар Влахов од Велес, на 19 април 2008 година, го прослави 55 годишното постоење. На свечената седница, која што се одржа во спортската сала СОУ “Јовче Тесличков” во Велес, се собраа претставници на седумте водечки генерации, кои што 55 години го предводеа извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Извидничкиот одред е еден од најстарите младински организации во Македонија, а најстар извиднички одред во Република Македонија.
Еконет Објавува
ПОВИК

за избор на претставници на здруженијата на граѓани активни во полето на животна средина во Секторскиот комитет за следење на Оперативната програма за регионален развој при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија
МЦМС објавува
Повик за експерти

МЦМС има потреба од двајца експерти кои ќе бидат ангажирани за подготовка на Поимник и спроведување на обука за антидискриминација
ИО “Димитар Влахов”
55 години извидништво

Извидничкиот одред “Димитар Влахов од Велес, на 19 април 2008 година, го прослави 55 годишното постоење. На свечената седница, која што се одржа во спортската сала СОУ “Јовче Тесличков” во Велес, се собраа претставници на седумте водечки генерации, кои што 55 години го предводеа извидничкиот одред “Димитар Влахов”.
„Цивил“ апелира за фер избори без употреба на оружје

Граѓанската организација „Цивил“ апелира до сите граѓани, а особено до партиските структури и лидери во сите заедници, да се придржуваат кон законите и демократските принципи, особено кога станува збор за примената на оружјето во која и да е смисла на зборот.
ЈАВЕН КОНКУРС За
6-тиот Салон на стрип “Велес 2008 “

(14,15и 16 ноември 2008 )
ПДАС Меѓаши
Глобалната Недела на Акција 2008

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши оваа година повторно ја организира Недела на глобална акција - Global Action Week (GAW) на национално ниво. Во рамките на оваа недела ќе се спроведат повеќе активности. Глобалната Недела на Акција ќе трае од 21 до 28 април 2008 година, додека главниот настан World Biggest Lesson ќе одвива на 23 април 2008 година.
Унапредете го вашето знаење и вештини

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот.
Средно образование за сите

Дваесетина граѓански организации од Македонија вчера, 8 април, во х. Холидеј ин, одржаа прес конференција, каде реагираа на ставовите на локалните власти и на претставниците на некои средни училишта во Скопје, Велес, Прилеп и во Битола, кои се противат на отворање паралелки на албански наставен јазик.
Европски информативен центар на Ромите
8 Април – Меѓународен ден на Ромите

Европската информативна канцеларија на Ромите и се придружува на ромската заедница секаде низ Европа во одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во овој ден се обединуваме со ромската заедница во светот за да ја прославиме ромската култура и да се присетиме на долгата борба на Ромите за нивно признавање.
AEGEE
Повик за летен универзитет

Студентската организација АЕГЕЕА од Скопје го објавува повикот за студентите за учество на летни универзитети. Летните универзитети претставуваат двонеделен проект, каде 20 до 50 студенти од Европа се собираат на едно место.
Изјава на граѓански организации
И МАКЕДОНИЈА И ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Хуманитарната организација Ел Хилал, Полио Плус – движење против хендикеп, Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ - СОЖМ), ХДЗР Месечина,  Здружението на граѓани ОХО и Асоцијацијата за демократски алтернативи (АДИ) го изразуваат своето мислење за овој период на одлука за евроатлантската интеграција на Македонија со заедничкиот став: „И Македонија и евроатлантски интеграции“. Наместо дилемите „или – или“ потребно е да се фокусираме на постигнување на зачувување на името и покана за НАТО членство.
Регионална конференција за соработка на Владите со граѓанскиот сектор
Невладините организации бараат поголемо учество во креирањето на јавните политики

Поголемо влијание на невладините организации во креирањето на јавните политики е пораката која беше испратена од регионалната конференција „Соработка на владините тела со граѓанскиот сектор“, која ја организираше Одделението за соработка со невладини организации на македонската Влада со финансиска поддршка на Институтот отворено општество „Македонија“ и МЦМС.
544 линкови на граѓански организации
ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ МАЛКУ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ НА ИНТЕРНЕТ

МЦМС ги ажурураше линковите на www.graganskisvet.org.mk . Распоредени во 24 категории на располагање ви се вкупно 544 линкови на граѓански организации. Имајќи предвид дека во Македонија се регистрирани барем 10 пати повеќе граѓански организации и имајќи предвид дека една организација има регистрирано по неколку поддомени, бројот на граѓански организации кои се презентираат преку Интернет е очајно мал.
Активности на ГПМ
Промовирани три публикации од областа на законската рамка за граѓанските организации

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за институционален развој (ЦИРа), на 19 февруари оваа година, промовираа три публикации од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации
ЦСИД “Форум”, МЦМС и ЦГИ
Промоција на публикации за етички стандарди, транспарентност и одговорност

Промоцијата ќе се одржи на 5.2.2008 г. (вторник), во хотелот „Континентал” во Скопје со почеток во 12 часот. Целта на публикациите е да придонесат во воспоставувањето правила и принципи во граѓанските организации засновани на транспарентност, отчетност и демократија.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси


























НОВОСТИ
Крај на почетокот

Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата

Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници

Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување

Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност

Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија

Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца

Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија

Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA